Германскиот фудбалер Лотар Матеус е рекордерот според бројот на одиграни натпревари на светските првенства, идигрувајќи 25 дуели, а неговиот сонародник Мирослав Клозе е веднаш зад него но е најдобриот стрелец.
Матеус настапи на пет светски шампионати, во 1982, 1986,1990, 1994 и 1998 година, освојувајќи на нив една титула во 1990-та година и две втори места – во 1982 и 1986 година.
Само еден настап помалку има, исто така, германскиот репрезентативец Мирослав Клозе кој, пак, со 16-те голови е најдобриот стрелец во историјата на светските фудбалски првенства.
Два настапа од легендата на „панцирите“, пак, има поранешниот капитен на италијанската репрезентација Паоло Малдини, додека аргентискиот ас Диего Армандо Марадона на светските фудбалски смотри запиша 21 настап.
Од играчите коишто ќе настапат во Русија најмногу мечеви одиграл Мексиканецот Рафаел Маркез кој на четирите мундијали во 2002, 2006. 2010 и 2014 година одигра 16 дуели колку што запишал досега и Аргентинецот Хавиер Маскерано.
Играчи со најмногу настапи:
Лотар Матаус (Германија) – 25
Мирослав Клозе (Германија) – 24
Паоло Малдини (Италија) – 23
Диего Марадона (Аргентина) – 21
Уве Зелер (Германија) – 21
Владислав Змуда (Полска) – 21
Кафу (Бразил) – 20
Филип Лам (Германија) – 20
Гржегоре Лато (Полска) – 20
Бастиан Швајнштајгер (Германија) – 20
Волфганг Оверат (Германија) – 19
Пер Мартесакер (Германија) – 19
Роналдо (Бразил) – 19
Карл-Хајнц Румениге (Германија)- 19
Берти Вогтс (Германија) – 19
Франц Бекенбауер (Германија) – 18
Антонио Кабрини (Италија) – 18
Фабио Канаваро (Италија) – 18
Дунга (Бразил) – 18
Марио Кемпес (Агрентина) – 18 …