Најуспешната нација во историјата на светските фудбалски првенства е Бразил со пет титули, а оваа селекција е единствена и по тоа што победувала на мундијалите на четири различни континенти, Германија славела на два континента, додека сите други прваци своите титули ги освојувале само еден континент.
Бразил, исто така, е и единствената земја чијашто репрезентација без исклучок настапила на сите досегашни светски фудбалски првенства.
По „националната трагедија“ во 1950 година и поразот со 1:2 од Уругвај во завршниот меч на домашен терен во Рио де Жанеиро, Бразил завладеа со светскиот фудбал кон крајот на ’50-те години од минатиот век. Незапирливиот напад Гаринча – Диди – Вава – Пеле – Загало во Шведска во 1958 година на „кариоките“, или како што сега ги нарекуваат „селекао“, им ја донесе првата титула победувајќи ја во финалето домашната селекција со 5-2. Тоа водено е првпат титулата да ја освои репрезентација од друг континент.
Четири години подоцна во Чиле, Бразил ја одбрани титулата со блескавите настапи на десното крило Гаринча. Третата титула Бразил ја освојува во Мексико во 1970 година, а според многумина таа селекција била и најдобрата на сите времиња. Со веќе тогаш прогласениот „крал на фудбалот“ Пеле, кому исто така ова му беше третата титула, за Бразил тогаш играа фудбалските великани како Ривелињо, Жаирзињо, Тостао, Карлос Алберто, Жерсон ….
Но потоа Бразил на четвртата титула мораше да чека 24 години, а за успехот во САД во 1994 година најзаслужен беше тандемот Ромарио и Бебето. Петтиот триумф на мундијалите беше постигнат во 2002 година на првото светско првенство одржано во Азија, заеднички домаќини беа Јапонија и Јужна Кореја, а составот на тогашниот селектор Луис Фелипе Сколари го водеше феноменалниот Роналдо со осум погодоци.
По четири наслови светски фудбалски првак имаат Германија и Италија.
Германија, којашто е актуелен светски шампион, а титулата којашто ја свои во Бразил во 2014 година е првата освоена по 1990 година и обединувањето на Западна и Источна Германија. Првите три титули се освоени под називот СР (Западна) Германија. Првата титула Германците ја освоија во 1954 година во Швајцарија, помалку од деценија по завршувањето на Втората светска војна и во периодот кога во Германија уште не била формирана професионалната лига – денешената Бундеслига. Во финалето познато во фудбалската историја како „чудото во Берн“ Германија го надомести заостанувањето од 0:2 против Унгарија којашто во тој период ја има една од најсилните селекции во својата историја којашто во дуелот по групи ја совлада токму Германија дури со 8:3.
Втората титула поранешните „панцири“ а сега нарекувани „елф“, ја освоија во 1970 година на свој терен, а во финалето во Минхен повторно до победата дојде со пресврт и тоа против фаворитот на овој мундијал, селекцијата на Холандија. Овојпат беше 2:1, а за Германија настапуваа ведетите како Герт Милер, Франц Бекембауер, Сеп Маер, Паул Брајтнер…
Третата титула Германците ја освоија во 1990 година во Италија, кога беа предводени од Лотар Матеус а остварија пет победи и два реми во седум натпревари. Најмногу проблеми им направија Англичаните кои ги совладаа дури по подоброто изведување на пеналите. Во финалето Германија доминираше над Аргентина а победи со минимални 1:0 со пеналот кој го реализираше Бреме.
На минатиот мундијал, во Бразил 2014 година, Германија дојде до својата четврта титула, прва освоена надвор од Европа. Групата ја минаа без проблеми со две победи и реми против Гана. Во осминафиналето дури по продолженијата го скршија Алжир со 2:1, а во четвртфиналето ја минаа Франција со 1:0. Следуваше историскиот полуфинален дуел со домашната селекција во којашто Бразилците го доживеаја еден од најтешките пораз во историјата од 1:7, но уште пострашно беа посрамени пред своите навивачи. Германија во финалето го запреа походот на Аргентина предводена од Лионел Меси, а победникот го реши голот на Марио Геце во 113 минута од продолжувањата.
Италија, пак, сите три титули ги оствари на европскиот континент. Италијанците првите две титули ги освоила пред Втората светска војна, во 1934 и во 1838 година. Првиот шампионат го освојуваат на домашен терен каде што биле големи фаворити, па и фаворизирани. Но по четири години во Франција докажуваат дека владеат во фудбалскиот свет, водени од големиот стратег Виторио Поцо, а до до тулата го одведоа нивните великани Пиола и Меаца.
Третата титула Италија ја освои во Шпанија во 1982 година. По бавното влегување во формата, Италијанците заиграа најдобро кога беше најважно со што го потврдија епитетот мајстори за турнирските натпреварувања како што се мундијалите, и со победите над Бразил со 3:2, Полска со 2:0 и Германија 3:1 предводени од голгетерот Паоло Роси кој на трите натпревара постигна шест голови, стасаа до титулата за којашто до пред првенството никој не им даваше шанси. Последната четврта титула, „аѕурите“ ја освоија во 2006 година во Германија а до неа стасаа совладувајќи ги домаќините во полуфиналето со 2:0 по продолженијата, и во финалето Франција со подоброто изведување на пеналите. Тоа претставуваше круна на кариерите на големите фудбалски имиња како Буфон, Канаваро, Дел Пјеро и Тоти.
По две светски титули имаат Уругвај и Аргентина, а двата наслова двете репрезентации ги освоија во Латинска Америка. Уругвај беше и првиот фудбалски светски шампион победувајќи како домаќин на мундијалот во 1930 година и во 1950 година во Бразил, а Аргентина стана светски првак во 1978 година како домаќин и во 1986 година во Мексико.
Својата доминација во светскиот фудбал во текот на 20-ите години од XX век, кога иле олимписки победници во 192 и 1928 година, Уругвајците ја крунисуваат во својата престолнина Монтевидео на првото светско првентво во 1930 година на коешто селекции учествувале по покана, а во финалето со 4:2 ги надиграа своите најголеми ривали Аргентинците. Вториот триумф Уругвај го остварува со неочекуваната победа над Бразил на „Маракана“ која му ја носата Скјавино и Чига.
Аргентина ги искористи сите предности што ги носи домашнито терен во 1978 година на водена од Марио Кемпес, кој тогаш игра во животна форма, стаса до светскиот врв со победата од 3:1 против Холандија во меч кој се играше на теренот на „Монументал“ кој беше прекриен со конфети. Во 1986 година, во Мексико блескаше еден од најдобрите фудбалери во историјата Диего Марадона, којшто практично сам им ја донесе на „гаучосите“ вториот и засега последен триумф на мундијалите.
По една титула имаат европските фудбалски великани Англија, Франција и Шпанија. Англичаните, коишто се фалат дека го измислиле фудбалот, препотентно одбиваа да учествуваат на првите светските првенства, а потоа по Втората светска војна доживуваа отрезнувања на првенствата во 1950 и 1958, за во 1966 година на „Вембли“ кончено ја освоија титулата. Предводени од својот најдобар играч веројатно во историјата Боби Чарлтон, Англичаните во финалето со 4:2 по продолжувањата ги совладаа своите најлути ривали Германците, но и до ден денес останува дилемата дали решавачкиот погодок во финалето, со кој Англија поведе 3:2, топката ја мина гол-линијата или не.
Франција, исто така, својата единствена засега титула ја освои на домашен терен изненадувачки во 1998 година совладувајќи го во финалето Бразил со 3:0, кога Зинедин Зидан постигна два гола.
Шпанија пред осум години во Јужна Африка ја потврди својата тогашна доминација во фудбалот. Ѕвездите како Иниеста и Чави повторно беа најзаслужни за триумфот на „црвената фурија“, а тогашната шпанска генерација покрај титулата светски шампион во 2010 година освои и две европски титули во 2008 и во 2012 година. Победничкиот гол во финалето против Холандија го постигна Андрес иниеста во 116 минута.