На сите досегашни дваесет светски првенства, ниту еден фудбалер не успеал двапати да ја освои наградата за најдобар играч на турнирот.
Најблиску до ова остварување беше легендарниот бразилски напаѓачот Роналдо кој Златната топка ја освои во 1998 година во Франција, а чекор до наградата беше и четири години подоцна на мундијалот што зедно го организираа Јапонија и Јужна Кореја.
Роналдо наградата ја освои на шампионатот на кој Бразил беше поразен во финалето од домашната Франција, додека четири години подоцна и покрај тоа што неговата селекција се искачи на тронот, Златната топка ја освои голманот на германската селекција Оливер Кан. Роналдо за Бразил постигна осум голови на ова првенство, од кои два во победата во финалниот дуел, но наградата му припадна на Кан затоа што ги довлече Германците до него.
Во сегашниот облик Златната топка се доделува од Светското првенство во Шпанија во 1982 година, кога за најдобар играч беше прогласен Италијанецот Паоло Роси.
Најдобрите играчи на светските првенства:
1930 – Хозе Насази (Уругвај)
1934 – Џузепе Меаца (Италија)
1938 – Леонидас (Бразил)
1950 – Зизињо (Бразил)
1954 – Ференц Пушкаш (Унгарија)
1958 – Диди (Бразил)
1962 – Гаринча (Бразил)
1966 – Боби Чарлтон (Англија)
1970 – Пеле (Бразил)
1974 – Јохан Кројф (Холандија)
1978 – Марио Кемпес (Аргентина)
Добитници на Златната топка:
1982 – Паоло Роси (Италија)
1986 – Диего Марадона (Аргентина)
1990 – Салваторе Скилачи (Италија)
1994 – Ромарио (Бразил)
1998 – Роналдо (Бразил)
2002 – Оливер Кан (Германија)
2006 – Зинедин Зидан (Франција)
2010 – Диего Форлан (Уругвај)
2014 – Лионел Меси (Аргентина)