Од историјатот на светските фудбалски првенства (1): Резулатите на домаќините на мундијалите

Титулата светски фудбалски шампиони пред своите навивачи досега ја освоија Уругвај во 1930 година, Италија во 1934-та, Англија во 1966-та, СР (Западна) Германија во 1974-та, Аргентина во 1978-та и Франција во 1998 година.

Бразил во 1950 година не се искачи на највисокот место на победничкиот пиедестал освојувајќи го второто место, како и Шведска осум години подоцна.

Со третото место на своето „буниште“ мораа да се задоволат Чиле во 1962-та, Италија во 1990-та и Германија во 2006 година.

Од сите домаќини единствено Јужноафриканската Република во 2010 година не ја мина првата фаза од напреварувањето. Популараната „Бафана Бафана“ тогаш го освои третото место во Групата А зад Уругвај и Мексико, но пред некогашниот шампион Франција.

 

Пласман на домаќинот на СПТ

1930-та Уругвај – прво место

1934 Италија – прво место

1938 Франција – четвртфинале

1950 Бразил – второ место

1954 Швајцарија – четвртфинале

1958 Шведска – второ место

1962 Чиле – трето место

1966 Англија – прво место

1970 Мексико – четвртфинале

1974 СР Германија – прво место

1978 Аргентина – прво место

1982 Шпанија – четвртфинална група

1986 Мексико – четвртфинале

1990 Италија – трето место

1994 САД – осминафинале

1998 Франција – прво место

2002 Јапонија и Јужна Кореја / Јапонија – осминафинале, Кореја – четврто место

2006 Германија – трето место

2010 Јужна Африка – испадна во групната фаза

2014 Бразил – четврто место