Од Јуве потврдија дека нема понуда за Погба

Главниот оперативец на актуелниот шампион на Италија, Јувентус, Џузепе Марота откри дека до овој момент, клубот нема добиено некоја официјална понуда за младиот играч за врска, Пол Погба.

Италијанските медиуми во изминатите неколку дена ја форсираа приказната дека репрезентативецот на Франција е голема желба на најбогатите клубови во Европа, ПСЖ, Реал (М), Барселона, Челзи, Манчестер Сити и дека раководните лица на тие клубови се подготвени да одвојат околу 60 мил. евра за 20-годишниот играч за врска.

“Погба? Станува збор за некаква новинарска шпекулација. До сега не сме добиле некоја официјална понуда за неговите услуги”, изјави Марота.

Раководните лица на “старата дама” постојано на Погба му нудат нов договор, со важност до 2018 година и годишна плата од четири милиони евра.