Од коронавирус почина Хатори Ханзо, легендарниот лик од „Убиј го Бил“

Шиничи „Сони“ Чиба, иконата на боречките вештини и ѕвездата од филмовите „Убиј го Бил“ и „Брзи и бесни: Токио дрифт“ почина од компликации предизвикани од коронавирусот, на 82 години. Веста ја потврди неговиот агент и откри дека Чиба починал во болница во Јапонскиот град Кимитсу, каде бил сместен откако му била дијагностицирана болеста. Ѕвездата од култниот класик „Уличен борач“ од 1974 година, наводно не бил вакциниран.

Чиба во 1964 година интензивно тренирал за јапонската олимписка репрезентација во гимнастика кога повреда на колкот, која ја здобил работејќи хонорарно како градежник, го спречила да си ги исполни соништата. По повредата Чиба почнал да гради импресивна кариера на големото платно и паралелно ги усовршувал боречките вештини, што подоцна му ги отвори вратите на филмскиот свет.

Тарантино му ја додели улогата на пензионираниот изработувач на мечови Хатори Ханзо, во првиот дел од „Убиј го Бил“.