Од ковид-19 почина пензионираниот генерал Бранко Дракалоски

По кратко боледување предизвикано од ковид-19, на 60-годишна возраст почина бригадниот генерал во пензија Бранко Дракалски, соопштија Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 2015 година, бригадниот генерал Бранко Дракалски, има извршувано повеќе високи воени должности, а во период од 2009 – 2014 година беше и највисок воен претставник во седиштето на НАТО во Брисел. Претходно има извршувано голем број на командантски должности меѓу кои и командант на втората механизирана пешадиска бригада.

Военото образование го започнува во воената воена гимназија во Белград, а покасно завршува Воена академија на Копнената војска во 1983 година. Командно-штабна академија завршил на Воената академија во Скопје во 1996 година, а завршил и школа за национална одбрана во Алабама (САД), на тамошниот Универзитет за национална одбрана во 2005 година. Во чин бригаден генерал е унапреден во 2009 година.

Во текот на својата кариера, како потврда за неговата професионалност во службата, добивал повеќе признанија, пофалби и други стимулативни мерки. Меѓу другото одликуван е со Медал за воени заслуги.

Автор е на неколку стручно-специјалистички трудови, меѓу кои и трудови кои се објавени на англиски јазик. Во пензионерските години генералот Бранко Дракалски остана активен допринесувач во полето на одбраната.

Бригадниот генерал Бранко Дракалски е погребан денес, согласно процедурите за спречување на ширење на вирусот од „Ковид 19“ во неговото живеалиште во Битола