Во Киев денеска се отстранети и последните барикади поставени за време на масовните простести кои го срушија режимот на поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.
Барикадите се поставени за да се заштитат шаторите на демонстрантите кои не го напуштиле главниот градски плоштад Мајдан.
Одреден број на демонстранти продолжија со протести и по Виктор Јанукович, бидејќи не беа задоволни од составот на новата влада.
Некои од шаторите беа останати во Мајдан, но сегашниот градоначакник на Киев и еден од лидерите на проетестите Виталиј Кличко изјави дека за нивно отстранување е постигнат договор со демонстрантите.