![воз Од Ниш до Белград со 160 километри на час](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/voz.jpg?resize=637%2C447&ssl=1)
Новоформираното акционерско друштво „Србија воз“ го претстави во Ниш новиот воз што ќе се движи со максимална брзина од 160 километри на час.
Новиот Штадлер воз е наменет за регионалниот железнички патнички сообраќај, а наскоро ќе почне да сообраќа на релацијата Белград- Ниш.
Проиведувач на новите електромоторни возови е швајцарската компанија „Штадлер“.
„Железници Србија“, потпишале договор со швајцарската компанија „Штадлер“ за испорака на 21 воз, чија вредност е 99 милиони евра.