Од патарини инкасирани 23,5 милиони евра за седум месеци!

Од почетокот на годината заклучно со месец јули од патарините низ земјава во државниот буџет влегле 23,5 милиони евра.

Во однос на истиот период лани забележано е зголемување на износот за четири отсто. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека сите 10 наплатни станици годинава остваруваат раст во споредба со ланската година, но според остварениот приход, предничи патарината кај Романовце.

Според проекциите на јавното претпријатие, 2019 година ќе биде рекордна во 32-годишното постоење на наплатните станици. Во вкупните приходи се пресметани и средствата остварени од продажба на електронските уреди, картички и тагови и од нивното надополнување. Од пуштањето на електронската наплата на патарина пред еден месец продадени се близу седум илјади картички. Во наредниот период ќе се градат две нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид.