Американската фармацевтска компанија „Pfizer“ работи на зголемување на производствените капацитети и во тој период привремено ќе ѝ ги намалат на Европа испораките на својата вакцина против коронавирусот, објавија во петокот компанијата и норвешкиот Институт за јавно здравје (FHI).
„Пораката ја примивме утрово. Очекувавме 43.875 дози од вакцината на Pfizer во третата седмица (од јануари, односно идната седмица). Сега се чини дека ќе добиеме 36.975 дози“, соопштија од FHI.
Намалувањето на испораките на вакцините, според тврдењата на американската компанија, доаѓа порди тоа што „Pfizer“ го прилагодува производството за во иднина да моќе да произведува две милијарди дози годишно во однос на сегашните 1,3 милијарди дози.
„Ова привремено намалување ќе се одрази на сите европски земји…. Сѐ уште не е јасно колку ќе потрае додека Pfizer повторно не постигне поизводство до своите максимални капацитети“, наведуваат до FHI.
И од „Pfizer“ ги потврдија измените во својот производствен процес на вакцината.
„Иако тоа привремено ќе се одрази на испораките кон крајот на јануари и на почетокот од февруари, ќе донесе зголемување на дозите за сите пациенти кон крајот на февруари и во март“, објави американскиот фармаколошки гигант.
Норвешка како нечленка на Европската унија има прстап до вакцината благодарејќи на Шведска, која е членка на Унијата којај купува повеќе отколку што ѝ е потребно и ги продава тое дози на својот скандинавски сојуз.
Норвешкиот институт тврди дека нема да има дознење во вакцинирањето на населнието, бидејќи веќе создале резерви од вакцината.
Многу од земјите членки на Европската унија се жалат дека им се испорачуваат помали количества од очекуваните, како и на независноста во поглед на наредните испораки на препаратот.