Oд понеделник постепено се укинуваат рестрикциите во Будимпешта

Дезинфекција на меѓународниот аеродром во Будимпешта (Zoltan Balogh/MTI

Унгарската влада од понеделник постепено ќе ги укинува рестриктивнтие мерки воведени за запирање на ширењето на коронавирусот во главниот град Будимпешта, две седмици окткао мерките за изолација се укинати во остатоткот од земјата.

Ваквите мерки во саботата на официјалната страница на Facebook ги објави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Јасно е дека успеавме да ја сузбиеме и епидемијата во Будимпешта. Поради тоа, и во Будмпешта со внимателноста можеме да тргнеме во втората фаза и да ги укинеме мерките за изолација“, порача Орбан во видео-снимка.

Во последното деноноќие, во Унгарија се потврдени 56 нови случаи на зараза со коронавирусот, односно вкупно 3.473 случаи, како и шест починати лица, со што вкупниот број жртви се зголеми на 488 луѓе, пренесе случбената новинска агенција MTI.