
Австрија поради појавата на омикрон варијантата на коронавирусот одлучи да ги заостри условите за минување на нејзините државни гранции, па од понеделник само вакцинираните со три дози од вакцините против Covid-19 и оние кои ја прележале болеста можат слободни да влезат во земјата, порача во петокот министерот за здравство Волфганг Мукштајн.
Патниците кои не ја примиле третата доза од вакцината на границата мора да покаќат PCR тест или да влезат во карантин по пристигнувањето. Изолацијата ќе завршува по PCR тестирањето и негативен тест.
Оваа мерка не се однесува на бремените и лицата кои не смеат да се вакцинираат поради здравствени причини, што мора да се докаже со медицинска потврда.
Посебни прописи се донесени и за децата. Децата на училишна возраст смеат да влезат во Австрија со докзаи за доволно тестирање, што значи трипати седмично. За помладите од 12 години не важат овие мерки.
„Овие построги прописи се голем предизвик, особено за оние кои во текот на божикните празници патуваат во странство. Но тие се особено потребни во овој период во кој Австрија се справува со ширењето на омикрон варијантата“, изјави министерот Мукштајн.