Од протест пред Владата: Правда за уставобранителите, беа осудени со лажни сведоци

Пред владата се одржува протест за поддршка и правда за осудените за насилниот упад во Собранието на 17 април 2017 година, под мотото „Правда за уставобранителите“.

Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април“ се политички монтирани. Тие бараат Врховниот суд да го поништи судењето и да има ново, оти, според организаторот на протестот, имало лажни сведоци.

Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.