Од први септември ќе се снима „Ослободување на Скопје“

Од први септември ќе започне снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“, во кој улога ќе има и актерот Раде Шербеџија.

Партнерка на Шербеџија во филмот ќе му биде македонската актерка Силвија Стојановска, а истиот ќе се снима во Битола и во околината на Велес.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска соопшти дека работата на филмот почнува од 20 август. Таа исто така оствари средба со актерот и режисер Шербеџија и со Роберт Насков од продуцентската куќа „Партизанс“.

На сценариото работеле Душан Јовановиќ, Раде Шербеџија и во една фаза Живоин Павловиќ. Сценограф ќе биде Иван Бартлинг, а директор на фотографија ќе биде Дејан Димевски. Музиката е на Влатко Стефановски.

Се очекува филмот да биде снимен до крајот на ноември, а до средината на следната година се очекува да биде завршен.