Од септември во ЕУ забранети халогените светилки

Жителите на ЕУ уште од 2009 година користат халогени и ЛЕД сијалици наместо стандардните светилки кои ги користиме најмногу, односно кога стапи на сила забраната за користење на „обичното“ светло.

Речиси десет години подоцна, листата на опции за купување на светилки во ЕУ ќе стане уште покуса бидејќи од септември годинава и халогените светилки ќе бидат забранети. Трансфорацијата значи дека халогенките ќе останат во употреба додека не се расипаат, односно во продажба ќе има само ЛЕД свтилки.

Одлуката беше поттикната од желбата на општеството да ја подобри енергетската ефикасност и да ги намали емисиите на јаглерод.

Демотивирачки фактор за замена на халогените светилки е нивната цена. Сепак, долгорочното ЛЕД осветлување е поекономично. Животот на овие светилки е подолг, од 15 до 20 години и троши помалку струја.

Организацијата за енергетската ефикасност и одржливост од Велика Британија, „Energy Saving Trust“ пресметала дека во текот на годината една халогенка троши електрична енергија во вредност од околу 12 евра, а за истиот период ЛЕД сијалица троши само два евра.

Не само што преминот на најголемите компании во светот на овој вид на осветлување би резултирал со 403 милиони тони штетни гасови во атмосферата помалку, туку и за наведената трансформација би имале и економски поттик, со избор на ЛЕД сијалици ќе заштедат вкупно 82,5 милијарди евра.