Во ресторанот „Император“ во Битола, синоќа околу 2.45 часот по полноќ се случила тепачка, при што едно лице е потешко порведено.
А.Г., А.Р., Ѓ.З. и едно непознато лице, се веселеле качувајќи се на една од ресторанските маси, за што биле предупредени од обезбедувањето. Тие сепак продолжиле со славјето, а во еден момент еден од нив го нападнал В.Р. удирајќи го во пределот на главата, додека останатите лица со столици го кршеле инвентарот, при штопредизвикале вознемиреност и страв кај останатите присутни лица.
Во настанот повреден е гостинот В.Д. од Битола.
Лицата се приведени во битолската полиција. Во 5 часот пред објектот на СВР-Битола, дошол братот на пријавениот А.Г., 27-годишниот М.Г. од Битола, кој без повод и причина почнал да му се заканува на униформираниот полициски службеник, а во еден влечејќи го за службеното палто, го гризнал во пределот на раката. Полицијата го привела и него.