Турско-американскиот оперативен центар, кој треба да управува со безбедносна зона во северо-источна Сирија, ќе започне со работа следната недела, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Анкар.
Турција и САД минатата недела постигнаа договор за формирање на центарот, но не соопштија колкава ќе биде таа територија, ниту каква ќе биде конечната структура.
– Заедничкиот оперативен центар ќе започне со работа со полн капацитет следната недела, рече Акар, пренесува Анадолија.
Акар, исто така, истакна договорот предвидува сириските курдски сили да се повлечат од областа и да го предадат тешкото оружје.