![вакцина ковид](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/55942471_403.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ следната недела треба да ги објави резултатите од третата фаза на тестирање на својата вакцина против коронавирус, пренесува Си-Ен-Би-Ес.
Компанијата наведува дека резултатите ќе бидат сеопфатни и многу инклузивни во однос на опфатот на различни групи засновани на етничка припадност, возраст, географско подрачје, вклучително и Афроамериканци, Латиноамериканци и стари лица.
Како што се наведува, можно е да има разлика во резултатите од тестовите на места како што е Јужна Африка, каде што е откриен нов многу заразен мутиран вид на вирусот.
Вакцината на компанијата „Џонсон и Џонсон“ може да биде одобрена за употреба веќе следниот месец.
За разлика од другите вакцини лиценцирани во САД, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ не се дава во две дози во растојание од три до четири недели, туку бара само една доза, поедноставувајќи го целиот процес на имунизација.