Од стан на скопјанец во текот на минатата недела украден е златен накит и пиштол.
Кражбата била пријавена во полиција вчера. Имено, како што информира МВР, било пријавено дека во периодот од 31.12.2015 година до 05.01.2016 година на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје непознат сторител со погоден предмет насилно ја отворил балконска врата од стан сопственост на С.М.(69) и извршил тешка кражба.
Од станот е одземена поголема количина златен и друг вид накит и еден пиштол марка „Берета“калибар 9мм.
Крадецот се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.