Од јуни нова цена на струјата

Од следниот месец нова цената на струјата, пренесува ТВ Телма.

Дали, и за колку ќе порасне, енергетските компании се уште пресметуваат. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски вели дека до крајот на месецов компаниите имаат рок да ги достават пресметките на трошоците до комисијата, по што ќе се добие појасна слика каква ќе биде новата цена.

Она што се знае за сега е дека МЕПСО ќе бара зголемување на цената за услугата која ја врши, но за колку точно не може да се каже –службите во компанијата сѐ уште работат на пресметките.

ЕВН ХОУМ и Електродистибуција се при крај со калклулациите и утре планираат да ги достават своите трошоците до РКЕ.