Регулаторната комисија за енергетика и води услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,22% во однос на цените на нафтените деривати утврдени на 03.03.2023 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 же чини 82,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84,50 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 78,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,722 ден/кг, и ќе изнесува 41,988 ден/кг.