Бесплатен јавен превоз поради аерозагадувањео

Бесплатен градски превоз се до намалување на загадувањето, прекин на сите градежни активности на градилиштата, интезивно миење на градските улици, зајакнати инспекциски надзори, ограничување на обуките на автошколите, се само дел од вонредните мерки кои што Градот Скопје ги воведува со цел намалување на загадувањето во главниот град.

„Борбата против аерозагадувањето бара поголема вклученост од сите нас, бидејќи сите го дишеме истиот воздух“, рече Шилегов апелирајќи да се почитуваат мерките за да има почист воздух.

Автобусите во наредниот период се додека се на сила вонредните мерки за намалување на загадувањето, ќе сообраќаат зачестено, а превозот ќе биде бесплатен.