Од утре почнуваат со работа аеродромите, а Грција го отвора Евзони

За утре на 1 јули е најавено отворањето на двата аеродороми во Македонија, кои не работат од 16, односно 19 март, како дел од мерките за спречување на влез и ширење на ковид-19.

Истите ќе работат според протоколи со строги правила, меѓу кои и тоа дека патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена.

„Протоколот имавме шанса да го видиме, навистина е направен по сите светски целосно почитувајќи ги принципите за зазазување на дистанца, задолжително носење маска, на неколку места низ зградата се поставени средства за дезинфекција на рацете. Ќе може во зградата да влегуваат само патниците, што значајно се намалува ризикотод гужва, што сметам дека е еден одлучен модел“, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Операторот ТАВ вчера го објави распоред на летови од Меѓународниот Аеродром Скопје, на првиот ден од реотворањето 1-ви јули 2020. Први полетувања од скопскиот аеродором ќе бидат во Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн, а ќе има и две слетувања од Истанбул.

„Имавме разговор со „Виз ер“. Од 1 јули продолжуваат да летаат и да ги исполнуваат сите обврски од договорот. За нас како влада авиосообраќајот е исклучително битен. Пред кризата на македонските аеродроми од година на година се рушеа рекорди на патници, што е важно и за економијата и за туризмот. Се надевам  дека во натамошниот период и покрај кризата прво ќе се вратиме во нормала, а потоа ќе имаме раст“, наведе министерот за труд и социјална политика Горан Сугаревски.

Од 26 јуни Македонија враќањето во Македонија е безусловно, односно без потреба да се покаже негатоивен ПЦР-тест и да се оди во задолжотелна самоизолација.

Јужниот сосед задутре го отвора граничниот премин Евзони.  Грција в среда отвора седум гранични премини на копнените граници со Македонија, Албанија, Бугарија, Турција. Веста ја соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. За нашата земја, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), а пак останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премини.

Грција ги објави протоколите, односно правилата кои ќе мора да ги почитуваат патниците што ќе пристигнат во нивната држава.  Ова е протоколот за пристигнување на копнените граници. Инаку, овој протокол сигурно најмногу ќе ги интересира нашите граѓани, доколку соседна Грција ни дозволи влез во нивната држава.