Од утре пререгистрација на невработените за сини картони

Повеќе од 243 илјади невраотени и лица со ниски приходи до крајот на март треба да се пререгистрираат во Фондот за здравствено осигурување за да може да продолжат да добиаат сини картони.

Директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази до 31 март треба да се пререгистрираат 243 илјади осигуреници.

Станува збор за лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на Република Македонија за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања и за лицата кои прв пат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ.

Како што информира директорот на ФЗОМ Џемали Мехази, лицата од овие категории треба да достават барање и изјава за остварени примања во текот на 2013 година.

Барањата може да ги поднесат во подрачните единици на ФЗОМ и во истурените шалтери сместени во поликлиниките на Здравствен дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто и во Шуто Оризари.

За тетовскиот регион, како втор по големи по Скопскиот, Мехази информираше дека подрачната единица ќе има продолжено работно време до 18 часот.