Од вечерва ќе се пломбираат сите угостителски објекти во кој не се почитуваат Протоколите за работа, ваквата одлука е донесена откако винекдов низ целата држава се оганизираа ноќни забави без да се почитува растојание и да се носи маска. Целосна забрана за работа, како и јавно да се објават нивните имиња од Пазарниот инспекторат побараа и од Независната угостителска комора, реагирајки дека на овој начин поединици ја загрозуваат целата угостителска индустрија. Викендов социјалните мрежи беа преплавени со видео клипови од полни кафулиња и свадбари без маски.
За овој видео клип се тврди дека е сниман викендов кога во Штип имаше рекордни 90 новозаболени. Клипот е сниман пред кафе барот „Нова“ во Штип. Луда забава не регистрирале ниту пазарните инспектори. И додека едни се забавуваат, болниците се полнат. Постхумно коронавирусот е дијагностициран и кај 48 маж од Штип, а болницата се подготвува за монтажна болница којашто ќе се користи од септември. Капацитетот на штипска инфектологија е речиси исполнет.
„Ние секојдневно имаме исписи на пациенти. Подолг период сме со стабилна бројка над 50. Да се надеваме дека бројот нема да се зголемува. Да ја искористам приликата и да упатам апел до граѓаните. Работата е сериозна. Бројките повторно растат“, изјави Ѓеоргијев
Од денес повторно со работа започна локалната самоуправа во Радовиш, каде што едно лице е позитивно, а деветмина се во самоизолација. Што се однесува до старечкиот дом во овој град корона е дијагностицирана кај тројца вработени и седум жители на домот. Штипскиот центар за јавно здравје до Комисијата за заразни болести поднесе предлог старечкиот дом да биде ставен во карантин.