Од Влада демантираат дека Заев има вила на Халкидики

Владата преку соопштение демантира дека премиерот Зоран Заев поседува луксузна вила на Халкидики, за чие постоење со фотографии објави бугарскиот портал BIG5.

Според владата медиумските содржини објавени во некои информативни гласила дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев поседува вила на грчкото приморје се лажни и тенденциозни.

– Владата на Република Северна Македонија, во име на премиерот Заев, категорично и целосно ја отфрла веста, дека премиерот Заев не поседува куќа во Грција, велат од Владата. Бараме сите медиуми коишто ја објавија лажната вест во целост да го објават овој демант, во спротивно ќе се преземат сите правни механизми во насока на зачувување на угледот на засегнатите страни. Владата на Република Северна Македонија останува на определбата за борба против дезинформациите кои се главен непријател на демократијата и општествениот напредок. Граѓаните имаат право на пристап до релевантни и вистинити информации и Владата преку јавните институции и отворената соработка со медиумите и медиумските здруженија воспостави нови практики на почитување на принципите на вистинитост, отчетност и транспарентност, стои во демантот на Владата.