
Од Власта молк, а Зоран Заев сѐ уште без одговор за предлозите:
1. Да не се занимаваат со политика лица кои биле амнестирани;
2. Да нема амнестија за лица кои се занимавале со политика;
3. Да се донесе закон за испитување на потекло на имот на политичари и носители на јавни функции;
4. Да се воведе принцип на кандидат за мандатар на новата влада, и тој што ќе загуби на избори да си замине од политика, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
-Или пак можеби Заев е поборник на принципот за амнестија, не сака испитување на потекло на имот за политичарите, и сака покрај поразот од народот да си го задржи својот пратенички имунитет. Се надевам дека таквата тишина од Владата не е резултат на хибриден напад, или можеби напад на паника поради тоа што одговорноста ќе дојде, но јавноста ја интересираат одговорите, додава Мицкоски.