Од затворот „Идризово“ избегале тројца осуденици, но набргу биле повторно уапсени

Околу 16.45 часот во четвртокот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Ј. и Е.Д. на 36 години, какои една година повозрасниот и М.Р., сите од скопското село Студеничани, кои претходно денеска околу 9 часот денеска побегнале од Казнено–поправната установа „!Затвор Идризово“.

По преземени мерки и активности, тројцата биле забележани во селото Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Тие нe застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон селото Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа.

Тројцата биле на издржување казна затвор, во вкупно траење од 26 години.

Инаку, И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци. Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната. Додека, М.Р бил осуден на казна затвор од осум години и три месеца за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната.

Тие ќе бидат спроведени во казнено–поправната установа за доиздржување на казната