Во Јапонија регистрирани се 664 нови случаи на зараза со корона вирус во последните 24 часа.
Според соопштението на Министерството за здравство, од вчера нема починати, пренесе Си-ен-ен.
Најмалку 25.300 луѓе се заразени во Јапонија, а починаа 998 од почетокот на епидемијата.
Во Токио вчера беа регистрирани 290 заразени и тоа е трет ден по ред да пријавуваат повеќе од 200 новозаболени.
Од почетокот на епидемијата во токио се заразија 9.223 лица.