Од жалфија и нане направете сами шампон за мрсна коса

Многу мака имаат луѓето при одржувањето на косата која лесно им се валка и мрси, бидејќи мораат да ја мијат речиси секој ден. Фризерите велат дека тоа е голема грешка и дека на косата треба да ѝ се остави да „одмора“ најмалку 72 часа, а често и подолго, за да се забави лачењето на себум.
Постои уште еден начин како да ја „научите“ косата побавно да се валка.

Во тоа можат да ви помогнат две билки – нане и жалфија.

Во тенџере истурете 300 милилитри вода, а потоа додадете една лажица нане и една лажица жалфија и варете додека не зоврие. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете ја содржината да отстои половина час. Процедете и добиената течност истурете ја во шише кое содржи шампон со неутрална pH вредност. Добро протресете ги шампонот и чајот, а потоа нанесете на влажна коса и измијте ја како и обично. Како и со секој шампон, оставете го овој со чајот најмалку две до три минути на косата пред да го исплакнете.
Покрај тоа што вашата коса ќе остане чиста подолго време по миењето со овој шампон, таа ќе биде и „нахранета“ и сјајна.