Одбележан светскиот ден на вранецот – Македонија најголем производител во регионот

Одбележан првиот Светски ден на Вранецот. Прославата на оваа сорта која е синоним за целиот Балкан започнува од кај нас како регион каде најмногу по лозовоте плантажи има Вранец.

Целта на организаторите здружението вина од Македонија заедно со 15 други вакви здруженија од земјите од регионот е преку промоција на вранецот како заедничка балканска сорта да се промовира целиот балкан како вински регион.

На светскиот ден на вранецот гости, вински експерти и вински новинари имаше од цел свет а преку видое обраќање им се обрати и премиерот Заев

Промоцијата на вранецот во светот многу ќе придонесе и за малите винарии кои го градат својот имиџ и работат на развој на вински туризам

Вранецот како сорта потекнува од Црна Гора но во Македонија каде му е втор дом го има најмногу со распространетост на 11 илјади хектари како доминантна сорта во земјава чија промоција ќе помогне да расте интересот и извозот на флаширано вино од земјава.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски изрази задоволство што прв пат Светскиот ден на вранецот се одржува во земјава и напомена дека Северна Македонија има исклучително поволни услови за производство на квалитетно грозје и вино.

-Затоа нашето вино особено вранецот е познато по својот квалитет ширум светот. Лозарството и винарството се нашите стратешки гранки и затоа како Влада изминатите две години посветуваме сериозно внимание на развојот и на примарното лозарство и на винската индустрија, рече министерот за земјоделство.