Одбиен амандманот за раст на сите плати во Законот за минимална плата

Закон за минимална плата од 18.000 денари, да. Скалесто зголемување на другите плати со овој закон не. Владата не ги прифати амндманите на опозицијата со кои се бараше да се изврши усогласување на другите плати со минималната за да се избегне изедначувањето кај различни категории работници. Пресметките покажале дека пред неколку години, на пример вработените во образование земала 60% поголема плата од минималната, сега овој процент е преполовен.

Иако синдикатите најавија штрајк по ова прашање, Владата останува на ставот дека другите плати ќе се уредуваат со други акти.

Опозицијата обвини дека власта не се грижи ни за пензионерите во услови на ценвна криза и затоа одбила зголемување на пензиите за  20% веќе од април.

Премиерот пак и денеска повтори дека се работи на нова методологија која ќе обезбеди континуиран раст на пензиите, а се бараат начини и за директна финансиска поддршка за нив.

Дијалогот за згоелмување на пензиите почнува утре меѓу пензионерските здруженија и министерствто за труд.