Одбиени тужбите на ВМРО-ДПМНЕ, нема пребројување на гласачките ливчиња

Управниот суд ја отфрли тужбата на ВМРО-ДПМНЕ за сумирање на изборните резултати и нема да се преборјуваат гласовите ливче по ливче. Повеќе од еден час овластен претставник на коалицијата изнесуваше аргументи пред судечкиот совет со тврдење дека се направени пропусти во пребројувањето од избирачките одбори во неколку општини. Судот донесе иста одлука и за тужбата на партијата Единствена Македонија, и предлагачот на листите на партијата СДУ. Заедно со денешните 4, судот отфрли вкупно 185 тужби, кои прозилегоа од неколкуте илјади приговори до Државната изборна комисија по изборниот ден. Партиите немале можност да предлагаат нови докази, од тоа што претходно го навеле пред Државната изборна комсија

Државната изборна комисија нема повеќе пречка да ги соопшти официјалните конечни резултати од изборите, кои остануваат непромените. Со оглед дека изборниот процес завршува Државната изборна комисија ќе им ги врачи решенијата и на новоизбраните пратеници, кои на почетокот на август би се собрале на конститутивна седница на 10. Собрание. Рекордер во приговри и 101 тужба е партијата Левица,  а правна борба пред Управниот суд со 75 тужби водеше и Алијансата на Албанците.