Македонската машка одбојкарска репрезентација ја совлада Шведска (3:2) на контролниот натпревар кој вечерва се одигра во Скопје, како дел од подготовките за настап на претстојното Европско првенство.
Избраниците на Никола Матијашевиќ го започнаа мечот со послаб прв сет кој Швеѓаните го добија со 25:18, но потоа следуваше пресврт откако поведовме со 2:1. Швеѓаните израмнија беа убедливи во четвртиот сет во кој освоивме само 14 поени, за мечот да биде решен во неизвесен тај-брејк кој им припадна на „спартанците“ со 16:14.
Подготовките продолжуваат со втор пријателски дуел со Шведска веќе задутре.