![mile-janakieski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/mile-janakieski.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Димитар Дангов, бранител на Миле Јанакиески бара повлекување на обвинението против него во случајот за настаните пред општина Центар во 2013 година. Адвокатот е убеден дека Обвинителството не докажало вина за тоа што го теретат.
-Бараме обвинението да се повлече пред судот да донесе одлука. Она за што се теретат обвинетите не е кривично дело, објасни Дангов.
Тој очекува ослободителна пресуда за сите обвинети во овој случај бидејќи нема доказ дека Јанакиески координирал група која Лазаров ја измисли и рече дека претпоставува дека ја имало.
-Сè што постоеше како обвинение за Рангелова му се натовари на Јанакиески, додаде Дангов.