Одбраната на Заев бара изземање на обвинителот во „Поткуп“

Одбраната на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е обвинет во случајот „Поткуп“ побара изземање на јавниот обвиниел, Владимир Милошевски.

Причината за таквото барање е поради тоа што адвокатите на Заев претходно поднеле кривична пријава против Милошевски, при што Специјалното јавно обвинителство ги информирало дека се постапува по предметот. Одбраната на Заев бара се додека СЈО не се произнесе за делата да се стопира постапката за случајот „Поткуп“.

Заев во овој судски процес е обвинет за барање мито од струмички бизнисмен.