Одличнa вест од Динамо Загреб, Адеми е подготвен за мечот со Виљареал

Денешната прес-конференција на тренерот на Динамо Загреб Дамир Крзнар потврди дека македонскиот фудбалски репрезентативец Арјан Адеми ќе биде спремен за настап.

„Адеми е здрав и расположен – подготвен за настап. Проблем има само Петковиќ, но очекуваме со блокода да може да го одигра натпреварот“, изјави Крзнар.

Во македонската јавност Крзнар предизвика загриженост минатиот викенд кога изјави дека Адеми можеби има сериозна повреда на стапалото, па дури и скршеница. Сепак, таквите негови проценки за среќа се покажаа како погрешни