![tenk](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/tenk.jpg?resize=640%2C359&ssl=1)
Се одложи стартот на судењето за случајот „Тенк“. Адвокатот на обвинетиот Ѓоко Поповски, кој од вчера бил ангажиран за негов застапник, побара повеќе време за да концепира одбрана. Ново рочиште е закажано за 12-ти февруари.
Во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес што го отвори Специјалното јавно обвинителство, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерката Гордана Јанкулоска и нејзиниот поранешен колега од МВР, Ѓоко Поповски.