Собранискиот спикер Талат Џафери ја одложи во понеделникот расправата за Законот за јазици, кој беше осма точка на дневниот ред на денешната 32-ра седница, бидејќи како што кажа, нема технички услови за расправа.
„Имајќи ја предвид формалната процедура за обработка на сите амандмани кои се 35.569 на број, тие не се довршени. И деловната обврска за превод не е исполнета“, рече Џафери.
Ѝ наложи на собраниската служба да информира кога ќе има услови да се расправа по ова точка.
На седницата немаше кворум за гласање по 45-те точки на дневниот ред, на кои се и составите на собраниски органи, тела, комисии, делегации, совети и комитети.
Седницата продолжува во вторникот во 12 часот.
Во pарламентот беше доставен пакет од над триесет и пет илјади амандмани за Законот за јазици, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик во Македонија, а сите амандмани се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече мешу другото дека со постапката на поднесување бројни амандмани за Законот за употреба на јазиците се обидуваат да упатат порака до СДСМ и ДУИ да размислат и да го прифатат тоа што го бараат мнозинството граѓани и експертите, како од правната, така и од јазичната сфера.