Основниот суд Скопје 1 го одложи судењето за насилството во општина Центар, бидејќи поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој е обвинет во овој предметот, денеска имал закажано рочиште и за случајот „ТНТ“. Судијата Душан Јосифов и судијата Огнен Ставрев ги закажале рочиштата во исто време.
Наредните рочишта за шамарите во општина Центар се закажани за 5 и 19 јуни.
Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.
Обвинети се за поттикнување и извршување насилство, кое се случи за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.
На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.