
Одложен е тендерот на ЕВН Хоум, на кој државните електрани, ЕСМ, требаше да достават понуда за цената на електричната енергија за домаќинстватa. Од компанијата соопштија дека наместо денес, понудите ќе се разгледуваат на 28 ноември и дека одложувањето го побарале понудувачите.
Од цената што ќе ја понуди ЕСМ најмногу ќе зависи какви сметки за струја ќе плаќаат граѓаните од 1 јануари.
Моментално, мегават-час од државните електрани чини 60 евра, но останатите енергетски компании до Регулаторната комисија за енергетика доставија барања за поскапувања од 50 до 80 проценти.
Новите цени за пренос и дистрибуција на електрична енергија се очекува да бидат утврдени до крајот на ноември. Во меѓувреме, ЕСМ продолжува со набавки за покривање на домашните потреби. Во тек е тендер за купување над 60 илјади мегават-часови струја, а цените на берзите достигнуваат над 300 евра за мегават-час, што дополнително го оптоварува буџетот на компанијата. Во истовреме, од ЕСМ соопштија дека новиот топловод под мостот Беласица, кој беше завршен за помалку од два месеци, од ноќеска е ставен во целосна функција.