Одложен квалификацискиот меч за ЕП 2024 меѓу Израел и Косово

Европската фудбалска асоцијацијација (УЕФА) денес го одложи квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 меѓу Косово и Израел.

Според веб-страницата на УЕФА, натпреварот е одложен поради одлуката на израелските власти да не дозволи на репрезентацијата да патува во странство поради актуелната воена состојба. Натпреварот со Косово требаше да се одигра на 15 октомври во Приштина.

Новиот датум на одигрување на натпреварот помеѓу овие екипи ќе биде објавен подоцна.

Претходно, УЕФА го одложи натпреварот меѓу репрезентациите на Израел и Швајцарија во квалификациите за ЕП 2024 година од 12 октомври на 15 ноември. Организацијата ги одложи и квалификациските натпревари за Европското првенство планирани за Израел за играчи до 17 години.

Ноќта на 7 октомври, Израел беше изложен на ракетен и копнен напад од Појасот Газа. Палестинското исламистичко движење Хамас најави почеток на воени дејства. Како одговор, израелските власти започнаа и воена операција и извршија мобилизација на резервниот воен состав.