
Посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје не се откажува, туку се одложува, објави „БНТ“, по добиена информација од прес-центарот на бугарскиот Совет на министри.
Засега нема точни информации кога точно ќе се оствари.
Претходно бугарските медиуми соопштија дека Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе се самоизолираат во наредните денови.
Одлуката доаѓа неколку часа откако стана јасно дека претседателот на Народното собрание Никола Минчев има коронавирус.
-Премиерот Кирил Петков продолжува да работи од далечина и е во постојан контакт со членовите на Советот на министри, објавија од „БНТ“.