Одложено лондонското дерби меѓу Тотенхем и Арсенал

Дуелот од 22-то коло во англиското фудбалско првенство, дербито на северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал, кое требаше да се одигра во недела, е одложено на барање на „Топџиите“ поради голем број изостанување на играчите.

„Имајќи предвид дека Арсенал на располагање имаше само 13 играчи во полето и еден голман, прифатено е барањето за одложување“, објави Премиер лигата,

Арсенал не може да смета на многу играчи поради зараза со коронавирусот, покрај тоа има и неколку повредени играчи и му недостасуваат и фудбалерите кои настапуваат на африканскиот Куп на нациите.

Инаку пред само два дена Арсенал го одигра првиот полуфинален дуел од Лига купот на гостувањето кај Ливерпул кој заврши без голови. Тој меч, исто така, беше првично одложен а реваншот би требало да се одигра во четврток на лондонски „Емирејтс“.