Одлуката за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски ќе биде објавена во петок

Иако веќе во средата се очекуваше да биде соопштено дали Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе бидат екстрадирани во Македонија, сепак Судот во Солун не ја донесе одлуката по петчасовното рочиште.

Одлуката дали Грујоевски и Бошкоски ќе бидат екстрадирани во земјата, судот ќе ја соопшти во петок.

Судењето и во средата се одвиваше зад затворени врати и иако беше најавено, судот не одобри да сведочи сопругата на Горан Грујевски.

Сведочеше професорот Александар Даштевски кој на судиите требаше да им појасни како е формирано СЈО, за која намена и за што ги гони, но и да побараат мислење од него како експерт по човекови права.