Одлуката за ограничување за движење на максимално две лица не ги опфаќа градежниците во работниот процес

Одлуката за ограничување на движење на максимално две лица на цела територија на државата се однесува за движење на јавни места и јавни површини. Оваа мерка не ги опфаќа работниците од градежниот сектор при реализација на нивните работни обврски, што подразбира дека тие можат слободно да ги извршуваат своите работни задачи и својот превоз според природата на работата во рамки на работното место на начин организиран од работодавецот, појасни денеска преку соопштение Министерството за транспорт и врски.

Оттаму истакнуваат дека вработените во градежните компании кои изведуваат градежни активности, мора да се придржуваат до препораките од Комисијата за заразни болести и Главниот координативен штаб на Владата и задолжително да ги применуваат во работниот процес.

Исто така, укажуваат, градежните компании мора да го организираат работниот процес и работното место на начин да се почитуваат мерките и препораките на Комисијата за заразни болести и Главниот координативен штаб на Владата.