
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на почетокот на 107. седница информира дека Зоран Димитровски поднел оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа.
Џафери потенцира дека Димитровски не сакал да го користи правото да ги образложи причините за оставка и со ова му престанува функцијата.
Оставката на Димитровски следува по излегувањето на неговата партија Демократски сојуз од владината коалиција.