Во последнито деноноќие во Македонија се регистрирани нови 1.237 случаи на зараза со новиот коронавирусот, а починале уште 39 пациенти со коронаинфекција, соопшти во петокот вечерта Министерството за здравств.
Со овие показатели, досега во земјата од почетокот на епидемијата на почетокот од март, се направени вкупно 306.481 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 52.449, бројката на оздравени пациенти е 30,952, на починати е 1.462, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 20.035.
Од новите случи на коронаинфекциите повтроно најголем број е регустриран во Скопје односно Скопје 506 зарази. Следи Прилеп со 91 случај, па Гостивар со 75, Велес со 67, Штип со 55, Тетово со 51 зараза. Следат Куманово 34, Струга 31, Битола 30, Охрид 26, Кавадарци 31, Гевгелија 23, Струмица 38, Крива Паланка 8, Радовиш 11, Крушево 12, Кочани 15, Пробиштип 3, Демир Хисар 7, Македонски Брод 4, Берово 1, Валандово 6, Виница 3, Делчево 2, Кратово 5, Свети Николе 24, Кичево 36, Ресен 13 и Неготино 29.
Починати се 39 лица, десет пациенти од Скопје (73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76г), еден од Куманово (76г), еден од Штип (51г), тројца пациенти од Прилеп (71, 57 и 56г), еден од Тетово (65г), шест од Велес (76, 59, 81, 63, 81 и 85г), пет од Битола (68, 65, 44, 76 и 69г), двајца од Охрид (54 и 63г), шест пациенти од Струмица (72, 85, 71, 54, 77 и 71г), еден од Крушево (44г), еден од Кочани (67г), еден од Кичево (67г) и еден пациент од Неготино (67г). Oд нив еден е починат вон, останатите се починати во болнички услови.