Заради обилните врнежи од дожд и високите температури, во Ски-центарот “Попова Шапка” овој викенд нема услови за скијање.
Со тоа, информираат од центарот, официјално ја затвораат оваа зимска сезона.
„Во оваа прилика би сакале да им се заблагодариме на сите посетители за укажаната доверба, за почитувањето на поставените правила и обврски, за поддршката во напорите да обезбедиме квалитетно скијање и што подолга скијачка сезона.
Им благодариме на сите соработници, на ски – кафулињата и артистите за возбудливите après – ski активности, на вработените и сите ангажирани соработници за нивниот придонес оваа сезона да ја направиме поразлична и подобра од сите досегашни. И успеавме во тоа!
Зимската сезона 2021/2022 на Шапка уште долго ќе се памти“ – велат од Ски-центарот “Попова Шапка”.